![policija-logo_0]()
Тринаесетгодишно девојче вчера попладне се удавило во водите од напуштената кумановска Стара бања во атарот на селото Проевце. Девојчето, според информациите од Министерството за внатрешни работи е од ромска националност, а немилиот настан се случил вчера околу 15:30 часот. Повеќе детали од МВР најавуваат за текот на денешниот ден.